Под раководство на папата Фрањо, новото тело, предводено од заменикот за општи работи во Државниот секретаријат, ќе работи за поттикнување на донации од верниците, епископските конференции и други потенцијални добродетели.
Папата Фрањо, со хирограф потпишан на 11 февруари 2025 година, ја формира Commissio de donationibus pro Sancta Sede, нова комисија чија специфична задача е да поттикнува донации преку посебни кампањи меѓу верниците, епископските конференции и други потенцијални добротвори, нагласувајќи ја нивната важност за мисијата и каритативните дела на Апостолскиот Престол. Понатаму, комисијата треба да биде посветена на изнаоѓање средства од донатори за конкретни проекти предложени од институциите на Римската курија и администрацијата на државата Ватикан, без да се нарушува автономијата и специфичните надлежности на секој ентитет, во согласност со важечките одредби.
Со комисијата раководи заменикот за општи работи
Комисијата во моментов се состои од пет члена (може да има најмногу шест): монсињор Роберто Камписи, заменик за општи работи на Државниот секретаријат, кој претседава со неа; надбискупот Флавио Пејс, секретар на Дикастеријата за промовирање единство меѓу христијаните; сестра Алесандра Смерили, секретар на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој; сестра Силвана Пиро, потсекретар на управата за добра на Апостолскиот Престол; адвокатот Џузепе Пуглиси-Алибранди, заменик генерален секретар на администрацијата на државата Ватикан.
Ватикан њуз/к.мк