Спортот е незаменливо воспитно средство, рече папата Фрањо обраќајќи се до делегацијата учесници на мотоцикл трки во Сан Марино, кои ги прими на 5 септември во Ватикан.
Пред Генералната аудиенција, папата Фрањо ја поздрави делегацијата учесници на претстојната мотоциклистичка трка, Гран при во Сан Марино и на ривиерата Римини, меѓу кои беа управителите, возачите и механичарите и претседателот на Италијанскиот национален олимписки одбор. Средбата се одржа во малата сала сместен при салата Павле Шести.
Воспитната вредност на спортот
Обраќајќи им се на присутните папата Фрањо веднаш ја истакна важноста на спортот во актуелното општество и објасни дека спортската активност која се практикува со целосно почитување на правилата, Црквата ја смета за вредна, уште повеќе, за незаменливо воспитно средство посебно за младите генерации. Имено споротот – според зборовите на Папата – всушност поттикнува на здраво надминување на самиот себе и на сопствениот егозизам, го вежба духот на жртвување и ако правилно се практикува побудува посветеност во меѓучовечките односи како и пријателство и почитување на правилата.
Поттик за ширење и прифаќање на христијанските вредности
Потоа Папата ги поттикна сите кои се занимаваат со спорт да промовираат човечки и христијански вредности кои се во темелите на праведно и солидарно општество. Освен тоа го истакна универзалниот јазик на споротот, посебно аматерскиот кој – како што рече – ги преминува границите, јазиците, расите, религиите и идеологиите, обединувајќи ги луѓето и поттикнувајќи на дијалог и прифаќање.
„Занес“ и „првак во животот“ – два прекрасни изрази
Коментирајќи ги потоа двата изрази кои во поздравот ги употреби претседателот на Италијанскиот олимписки одбор: „занес“ и „првак во животот“, Светиот Отец се осврна на самоубиствата на младите луѓе за кои често дознаваме од дневните вести и рече дека во тие животи веројатно недостасува занесот во нив, никогаш не било посеано чувството за ентузијазам за животот. Затоа ги поттикна другите да го пренесуваат занесот; заразувајте – како што рече – со занесот; на овој свет му е потребно тоа чувство. Треба да се живее со ентузијазам, а не како оној кој животот го носи како товар. Ентузијазмот значи да се оди напред – рече Папата.
Осврнувајќи се пак на вториот израз „првак во животот“ рече дека некој може да стане првак во некој спортски успех, првак во екипа… Но, „првак во животот“ е оној кој живее со ентузијазам; само оној кој живее во полнота способен така да живее. „Занесот“ и „првак во животот“ колку се убави тие два збора – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк