Папата се сретна со украинскиот претседател Зеленски

Папата се сретна со украинскиот претседател Зеленски

Папата Лав XIV и претседателот Володимир Зеленски разговараа за војната во Украина, за враќањето на насилно одведените украински деца и за континуираната поддршка на Светиот Престол за дијалог и мир.

Во вторникот попладне, 9 јули 2025 годиона папата Лав XIV го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во приватна аудиенција во папската резиденција во Кастел Гандолфо. Средбата беше посветена на актуелната војна во Украина и на итната потреба од постигнување мир преку дијалог.

Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, разговорот се фокусирал на напорите за прекин на непријателствата и за наоѓање правично и трајно решение за војната во Украина. Папата го изразил своето жалење за жртвите на војната и ги вети на украинскиот народ во своите молитви и постојана близина.

Светиот Отец, исто така, ги охрабрил напорите насочени кон ослободување на затворениците и враќање на децата кои биле одделени од своите семејства. Тој уште еднаш ја потврдил подготвеноста на Ватикан да ги пречека претставниците на Украина и Русија за евентуални преговори.

По средбата, претседателот Зеленски накратко се обрати на новинарите на англиски јазик.

„Многу сум благодарен на Неговата Светост – за оваа средба, за тоа што нè прими,“ изјави тој. Му се заблагодари на Папата и на Ватикан за поддршката, особено во однос на прашањето за украинските деца одведени во Русија за време на војната. „Ова е многу важно прашање. Разговаравме за тоа,“ рече тој, нагласувајќи ја потребата децата да бидат вратени кај своите роднини во Украина.

Претседателот Зеленски повторно ја потврди определбата на Украина за постигнување мир.

„Се разбира, ние сакаме мир, сакаме војната да заврши,“ изјави тој. „Навистина се надеваме дека Ватикан и Неговата Светост ќе помогнат во обезбедување простор за средба на високо ниво меѓу лидерите, со цел да се стави крај на оваа војна.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот