Ова е првата средба меѓу папата Лав XIV и раководителот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија.
Во сабота наутро на 26 јули 2025 година, Светиот Отец Лав XIV го прими во Ватикан митрополитот Волоколамски Антониј, раководител на Одделот за надворешни црковни односи при Московската патријаршија. Ова претставува прва средба меѓу римскиот епископ Лав XIV и руски православен митрополит.
Митрополитот Антониј ја врши службата на раководител на надворешните црковни односи на Московската патријаршија од јуни 2022 година. Во рамките на оваа служба, тој веќе имал неколку средби со папата Фрањо, а последната се одржа во Ватикан во јули минатата година.
Ватикан њуз/к.мк