Папата се моли за жртвите и раселените лица од бурата Кристин во Португалија

Папата се моли за жртвите и раселените лица од бурата Кристин во Португалија

Папата Лав XIV испрати телеграма со сочувство до сите погодени од екстремниот временски настан што ја погоди Португалија. Тој ја изрази својата близина со семејствата на жртвите, повредените и раселените лица. Досега се регистрирани пет смртни случаи, како и бројни поплави, лизгања на земјиштето и прекини на електричната енергија за повеќе од 850.000 луѓе.

Папата Лав XIV во сабота, 31 јануари 2026 година, во телеграма испратена до монсињор Хозе Орнелас Карваљо, бискуп на Леирија-Фатима и претседател на Португалската епископска конференција изрази сочувство и близина и ги вети своите молитви. Во текстот на телеграмата потпишана од државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, Папата изразува сочувство до сите жртви од бурата Кристин, духовно обединувајќи се со болката на нивните семејства. Циклонот што стигна до атлантскиот брег на Португалија во ноќта од вторник 28 кон среда 29 јануари со ветрови од над 170 километри на час, остави многу разорна сцена – додава Римскиот епископ, нагласувајќи ја својата близина со повредените, раселените и оние кои се сериозно погодени од огромната штета предизвикана од бурата.

Солидарност и надеж

Петровиот наследник моли националните и локалните власти, како и цивилните, воените и верските институции кои ги здружуваат силите, да им помогнат, изразувајќи благодарност за интервенцијата на црковните организации и не заборавајќи ја спонтаната солидарност на секој граѓанин. Папата Лав XIV завршува молејќи го Бога за елеј на солидарност и светлина на христијанска надеж, упатувајќи го својот апостолски благослов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот