Папата потсети на атомските бомбардирања од Втората светска војна и апелира за мир во земјите зафатени од војна

Папата потсети на атомските бомбардирања од Втората светска војна и апелира за мир во земјите зафатени од војна

Папата Фрањо во недела, 11 август 2024 година упати сеопфатен апел за мир по молитвата Ангел Господов. Ви го пренесуваме целосното обраќање на Папата до верниците по молитвата Ангел Господов

Драги браќа и сестри!

Деновиве си спомнуваме на годишнината од атомското бомбардирање на градовите Хирошима и Нагасаки. И додека продолжуваме да му ги препорачуваме на Господ жртвите на тие настани и сите војни, ја обновуваме нашата интензивна молитва за мир, особено за напатените Украина, Блискиот Исток, Палестина, Израел, Судан и Мјанмар.

Денеска е празникот на света Клара: Упатувам срдечен поздрав до сите клариси, особено оние од Валеглорија, со кои ме поврзува прекрасно пријателство.

Да молиме и за жртвите од трагичната авионска несреќа што се случи во Бразил.

Ве поздравувам сите вас, Римјани и ходочесници од Италија и многу земји, а особено групата питомци од семинаријата во Бергамо, кои пеш пристигнаа од Асизи на неколкудневно ходочестие. Дали сте уморни? Не? Добро. Одлични сте!

На сите ви посакувам пријатна недела. А вам, деца од Безгрешното зачнување: имајте убава недела! И ве молам, не заборавајте да се молите за мене: вие Бразилци, таму, добро ве гледам. Фала на сите! Збогум и до гледање!

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот