Папата од болницата Гемели: „Ви благодарам за молитвите, од тука ве придружувам“

Папата од болницата Гемели: „Ви благодарам за молитвите, од тука ве придружувам“

Папата Фрањо упати порака со благодарност и близина до сите оние кои се молат за негово здравје откако беше примен во болница пред 21 ден.

„Со целото мое срце ви благодарам за молитвите што ги упатувате за моето здравје од плоштадот [Свети Петар]. Ве придружувам одовде. Господ нека ве благослови, а Богородица нека ве заштити. Ви благодарам“.

СЛУШНИ ГО ОБРАЌАЊЕТО НА ПАПАТА

Пораката за благодарност на папата Фрањо, на шпански, за бројните сведоштва за љубов и близина беше емитувана на плоштадот Свети Петар во 21.00 часот во Рим пред почетокот на молитвата Бројаница, предводена во четврток вечерта од кардиналот Анхел Фернандез Артиме, про-префект на Дикастеријата за институтите за посветен живот и апостолскиот живот.

Почнувајќи од понеделник, 24 февруари, илјадници верници им се придружија на кардиналите кои живеат во Рим, заедно со сите соработници на Римската курија и Римската бискупија, на плоштадот Свети Петар за да молат Светата Бројаница за здравје на папата Фрањо, кој се лекува од пневмонија во болницата Гемели.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот