Папата на божиќната света Миса: Со прифаќањето на Исус се менува историјата на секој поединец.
Целата историја на човештвото е одбележана со незаситлива алчност сѐ до современиот парадокс, кога неколкумина уживаат во изобилство, а многумина немаат ни парче леб за да можат да преживеат. Затоа во Витлеем, на еврејски „дом на лебот“ Бог воведе нов модел на живот: наместо прејадување и трупање – да се сподели и дарува. Кога ги гледаме јаслите сфаќаме дека животот не се храни со поседување, туку со љубов; не со алчност, туку со љубов кон ближниот; не со избилство со кое се фалиме, туку со едноставноста која треба да се чува, истакна папата Фрањо.
Божиќното „Не бојте се!“ е одговор на човечкиот страв од Бог. Витлеем е лек против стравот, бидеќи и покрај човечкото „не“, Бог секогаш вели „да“. Тој секогаш ќе биде „со нас Бог“. И со својата присутност да не предизивка страв, доаѓа како слабо детенце. Притоа во Витлеем „не бојте се“ не е кажано на моќниците, туку на пастирите, на обичните луѓе кои сигурно не биле препознатливи по убавото однесување и побожност. На Божиќ го примаме Исус на земјата, небесниот леб, чиј што рок на употреба не минува, туку ни помага веќе сега да го вкусиме вечниот живот. Во Витлеем откриваме дека Божјиот живот тече низ вените на човештвото. Ако го прифатиме се менува историјата на секој поединец. Кога се менува срцето на човекот, тогаш центар на неговиот живот не е неговото себично „јас“, туку „Тој“, кој се раѓа и живее за љубов. Мораме да се прашаме со што се храниме и без што не можеме да живееме. Дали е тоа Господ или нешто друго. Дали ни се потребни толку многу работи, толку комплицирани рецепти и дали можам да изберам едноставен начин на живот. Не смееме да заборавиме дека Исус е леб на животот. Тој не сака мрзелива забава, долго одмарање, туку бара да се дигнеме на масата како би ги послужувале другите.
Синот Давидов е роден меѓу пастирите за да ни каже дека никој повеќе не е сам. Ни порачува дека имаме Пастир, кој ги разгонува нашите стравови и нѐ љуби без исклучок, истакна Папата. Витлеемските пастири покажуваат дека човекот треба да се сретне со Господ, бдеат во ноќта, не спијат, туку го прават она што Исус секогаш одново го бара: бдеат. Бдеат во темнината и славата „Господова ги осветли“, истакна Папата, цитирајќи го Евангелието од божиќната Литургија. Последниот дел од пораката ги упати на јаслите, пастирите поаѓаат за Витлеем, рече Папата истакнувајќи дека и ние сакаме да појдеме во Витлеем. И денес патот нѐ води преку ридот – мораме да го надминеме егоизмот, да не дозволиме од него да не одвратат провалиите на монденоста и конзумеризмот. Сакам да појдам во Витлеем, затоа што таму ме чекаш Господи, рече на крајот Светиот Отец.
На полноќната света Миса со Светиот Отец во базиликата и на плоштадот Свети Петар присуствуваа десетина илјади верници. Светата Литургија директно ја пренесуваа околу 120 телевизии во 60 земји од светот.
Ватикан њуз/к.мк