Папата Лав му упати честитки на новиот Голем војвода на Луксембург, Гијом, кој стапи на престолот по абдикацијата на неговиот татко, Големиот војвода Анри.
Папата Лав XIV му упати „искрени желби“ на Големиот војвода Гијом V по повод неговото стапување на престолот на Луксембург.
Во телеграмата со честитки, Светиот Отец наведува дека се придружува „во радоста на целата нација, богата со древни и славни традиции, длабоко вкоренети во историјата“.
Папата изразува надеж дека новиот Голем војвода „ќе придонесе за поттикнување на живот заснован на почитување на христијанските вредности што го обликувале идентитетот на Луксембург и ќе го поттикнува постојаниот стремеж кон општото добро“.
Откако ја упати до Големиот војвода Гијом својата срдечна почит и искрени желби за мир за иднината на земјата, папата Лав се моли за „небесна заштита на Пресвета Богородица“ на него, како и на сите жители на Големото Војводство, упатувајќи ги му го својот апостолски благослов.
Ватикан њуз/к.мк