Канцеларијата за литургиски прослави на Светиот Отец го објави календарот на литургиските славења на кои папата Лав XIV ќе претседава во наредните недели, меѓу кои се Споменот на сите верни починати и 400-годишнината од посветувањето на базиликата „Свети Петар“.
Папата Лав XIV на 2 ноември ќе служи света Литургија за Споменот на сите верни починати на гробиштата Кампо Верано во Рим, како што направи и во 2025 година.
За време на минатогодишното славење, Светиот Отец потсети дека „христијанската вера, вкоренета во Христовото пасхално таинство, ни помага нашите спомени да ги живееме не само како сеќавање на минатото, туку пред сè како надеж за иднината“.
Светата Литургија на 2 ноември е првата прослава наведена во литургискиот календар на Папата за наредните недели, кој ги опфаќа ноември и почетокот на декември 2026 година.
Календарот на славења на кои е предвидено да ги предводи Папата беше објавен во вторник, 27 октомври 2026 година, од Канцеларијата за литургиски прослави на Врховниот Поглавар.
Подоцна истата недела, во четврток, 5 ноември, папата Лав ќе претседава со света Литургија за покој на кардиналите и бискупите кои починале во текот на изминатата година. Светата Литургија ќе се служи во базиликата „Свети Петар“.
Од петок, 6 ноември, до вторник, 17 ноември, Светиот Отец ќе престојува во Јужна Америка, каде што ќе ги посети Уругвај, Аргентина и Перу.
Целосната програма на апостолското патување на Папата, вклучително и информациите за јавните литургиски славења на кои ќе претседава, е објавена на интернет-страницата на Ватикан.
Еден ден по враќањето во Ватикан, папата Лав во среда, 18 ноември, ќе служи света Литургија Литургија во базиликата „Свети Петар“ по повод 400-годишнината од нејзиното посветување.
На крајот, на 8 декември, на празникот Безгрешно Зачнување на Пресвета Дева Марија, папата Лав ќе се упати на Пјаца ди Спања во Рим, каде што ќе го предводи традиционалниот обред за чествување на Безгрешната Дева.
Ватикан њуз/к.мк

