Папата Лав се сретна со спортистите по повод Јубилејот на спортот

Папата Лав се сретна со спортистите по повод Јубилејот на спортот

Папата Лав XIV ги продолжува саботните јубилејни аудиенции започнати од неговиот претходник, со фокус на свети Иринеј како сведок на надежта, сретнувајќи се со спортистите во базиликата „Свети Петар“ по повод Јубилејот на спортот.

Епископот Иринеј од Лион може да ни помогне „да препознаеме колку е убава и важна“ надежта и денес, рече папата Лав XIV во саботата наутро, 14 јуни 2025 година обраќајќи се на спортистите присутни во базиликата „Свети Петар“ по повод Јубилејот на спортот.

Светиот Отец ги продолжи специјалните саботни јубилејни аудиенции што ги започна папата Фрањо на почетокот на годината, со катехези насочени кон „одреден аспект од теолошката доблест на надежта и духовна личност која сведочи за неа.“

„Евангелието доаѓа однадвор“

За јубилејот на спортот, папата Лав се сврте кон свети Иринеј од вториот век, кој пристигнал во Европа од Мала Азија, откако ја примил верата непосредно од Апостолите. „Колку е добро да се потсетиме на ова овде, во Рим, во Европа“, рече Папата, потсетувајќи дека Евангелието било донесено на континентот однадвор – и дека „дури и денес, мигрантските заедници ја оживуваат верата во земјите што ги прифаќаат.“

Сепак, продолжи тој, „Иринеј има уште поголемо богатство да ни понуди,“ покажувајќи преку својот пример како да се надмине поделбата преку подлабоко размислување за Исус. „Исус не е ѕид што разделува, туку врата што нè обединува“, објасни тој.

Предупредувајќи дека „и денес идеите можат да нè излудат, а зборовите да убиваат,“ папата Лав ги потсети верниците дека „телото на Исус треба да се прифати и контемплира во секој брат и сестра, во секое создание,“ и дека треба да се чувствуваме „повикани по име од болката на другите.“

Свети Иринеј – учител на единството

Папата понатаму го опиша свети Иринеј како учител на единството, кој не нè учи како да се спротивставуваме, туку како да се поврзуваме, гледајќи кон Исус, „кој ги спојува спротивностите и ја прави заедницата возможна.“

„Ние сме ходочесници на надежта“, заклучи папата Лав, „зашто меѓу поединци, народи и созданија, некој мора да одлучи да оди кон заедништво.“ Тој ги повика верниците „да градат мостови таму каде што денес постојат ѕидови“, додавајќи: „Да ги отвориме вратите, да ги поврземе световите – и надежта ќе постои.“

„Автентични човечки и христијански вредности“ изразени преку спортот

Поздравувајќи ги ходоечсниците присутни по повод Јубилејот на спортот, папата Лав рече дека нивното време заедно ќе понуди „вредна можност“ за размислување за „односто меѓу спортската активност и крпоста надеж.“

Јубилејот ги собра на едно место спортистите, професионалци и аматери, тренери, спортски менаџери, членови на здруженија и други, заедно со нивните семејства, за да учествуваат во два дена настани, кои вклучуваа размислувања за поврзаноста меѓу „спортот и надежта,“ спортски фестивал во текот на саботниот ден, и Света Литургија со папата Лав во неделата наутро.

Покрај постојаната заложба за подобрување на резултатите и тимска работа, папата Лав им рече на ходочесниците: „нашите најдлабоки надежи нè предизвикуваат да го направиме светот на спортот арена каде што автентични христијански вредности можат да се практикуваат и комуницираат со другите за изградба на подобар свет.“

Тој ги повика ходочесниците, како и учесниците во Меѓународниот мото-собир, да бидат „мисионери на надежта,“ трудејќи се да создадат култура на сè поголема солидарност, прифаќање и братство.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот