Папата Лав продолжува со помош за Украина

Папата Лав продолжува со помош за Украина

Камион со хуманитарна помош пристигна во една од најпогодените области од последната руска офанзива. Кардиналот Крајевски изјави: „Ангажманот на Светиот Престол кон оние што страдаат не познава прекин, ниту пауза.“

„И за време на периодот на Sede Vacante, Апостолската канцеларија за милосрдие продолжи со својата мисија: да ја донесе љубовта на Папата таму каде што е најпотребна.“ Со тивок, но решителен тон, кардиналот Конрад Крајевски ја коментира испораката на голем камион полн со помош, кој пристигна во Харкив – украински град што овие недели особено страда од жестоките руски напади. Камионот тргна пред неколку дена од базиликата Света Софија во Рим. „Љубовта не престанува“, нагласува кардиналот, чија изјава е поткрепена со фотографии што сведочат дека измачената Украина – како што ја нарекува и папата Лав, следејќи го примерот на папата Фрањо – отсекогаш има посебно место во срцето на Римските епископи.

Помош за Украина

Од почетокот на војната, црквата Света Софија – духовен дом на Украинците во Рим – се претвори во централна точка за собирање на солидарноста на целиот град. Апостолската канцеларија за милосрдие, исто така, достави сè што беше собрано во магацините  во Светиот Престол за новата пратка помош. „Во камионот ставивме и столчиња и маси што ги добивме од еден хотел кои ги повлекоа од употреба“, објаснува Крајевски. Во камионот имаше и душеци, прехранбени производи, средства за хигиена и многу работи наменети за децата. „Тие имаат потреба од сè – особено сега“, додава кардиналот. Ова е време во кое потребите стануваат итни, а папата Лав одговара со постојана грижа и близина.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот