Папата Лав: Наскоро ќе бидам подложен на операција за отстранување јазол на белите дробови

Папата Лав: Наскоро ќе бидам подложен на операција за отстранување јазол на белите дробови

Папата Лав XIV откри дека наскоро ќе биде подложен на операција за отстранување на „локализиран јазол на белите дробови“, нагласувајќи дека е „откриен во многу рана фаза и е добро локализиран“.

Папата Лав XIV им соопшти на верниците собрани за молитвата „Ангел Господов“ во недела, 11 октомври 2026 година, дека лекарите при неодамнешни медицински прегледи откриле „локализиран јазол“ на неговите бели дробови и дека во наредните денови ќе биде подложен на операција.

Тој додаде дека јазолот е „откриен во многу рана фаза и е добро локализиран“.

Папата рече дека лекарите му препорачале оперативен зафат и дека одлучил да го следи нивниот совет. Операцијата е веќе закажана за наредните денови.

Папата Лав им се заблагодари на сите за духовната близина и се довери на нивните молитви.

Еве го преводот на неговите зборови изговорени на италијански јазик по молитвата „Ангел Господов“ на 11 октомври 2026 година:

„Драги пријатели, за време на некои неодамнешни медицински прегледи, лекарите открија локализиран јазол на моите бели дробови. Тој е откриен во многу рана фаза и е добро локализиран. Лекарите сметаат дека е потребен оперативен зафат. Следејќи го нивниот совет, затоа решив да бидам подложен на операција за негово отстранување. Операцијата е веќе закажана за наредните денови. Ви благодарам за вашата духовна близина и се доверувам на вашите молитви.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот