Папата Лав XIV ќе го помине одморот во Кастел Гандолфо

Папата Лав XIV ќе го помине одморот во Кастел Гандолфо

Папата Лав XIV дел од јули и еден викенд во август ќе ги помине во Папската резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим. Таму ќе служи неделни Лтургии во локалните цркви и ќе ја предводи молитвата „Ангел Господов“ со верниците на плоштадот „Слобода“ во градот.

Од недела, 6 јули, до недела, 20 јули, Светиот Отец ќе престојува „на одмор“ во Папските вили во Кастел Гандолфо, каде што повторно ќе се прстојува од 15 до 17 август. Ова денес го соопшти Префектурата на Папскиот дом.

Во недела, 13 јули, со почеток во 10:00 часот, Папата Лав XIV ќе служи света Литургија во парохиската црква „Свети Тома од Виланова“ во Кастел Гандолфо, а потоа, во 12:00 часот, ќе ја предводи молитвата „Ангел Господов“ на плоштадот „Слобода“, пред Апостолската резиденција.

Во недела, 20 јули, со почеток во 9:30 часот, ќе служи света Литургија во катедралата во Албано, а потоа во 12:00 часот повторно ќе моли „Ангел Господов“ со верниците на плоштадот „Слобода“ во Кастел Гандолфо. Попладнето истиот ден, Папата ќе се врати во Ватикан.

Сите приватни и генерални аудиенции кои беа предвидени за средите на 2, 9, 16 и 23 јули се откажани. Генералните аудиенции ќе продолжат во среда, 30 јули.

Во август, Папата Лав повторно ќе престојува во Кастел Гандолфо: на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, во петок, 15 август, со почеток во 10:00 часот, ќе служи света Литургија во парохиската црква, а потоа во 12:00 часот ќе ја предводи молитвата „Ангел Господов“ на плоштадот „Слобода“. Во недела, 17 август, во 12:00 часот, молитвата „Ангел Господов“ повторно ќе ја моли на истиот плоштад, а попладнето Папата ќе се врати во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот