Папата Лав XIV ја посети Дикастеријата за култура и образование

Папата Лав XIV ја посети Дикастеријата за култура и образование

Папата Лав XIV во понеделник 21 септември 2026 година ја посети Дикастеријата за култура и образование, каде што се сретна со вработените и ги охрабри во нивната секојдневна посветеност и служба на Црквата и светот.

Папата Лав XIV ја истакна важноста на работата на Дикастеријата за култура и образование за време на едночасовната посета на нејзините канцеларии во понеделникот.

Според соопштението објавено од Дикастеријата по посетата, Светиот Отец истакнал дека културата, особено преку спортот и уметноста, создава бројни можности за средба и поттикнува дијалог преку универзален јазик способен да ги пренесува вредностите на хуманизмот до сите.

Папата изрази благодарност и до вработените во Дикастеријата, охрабрувајќи ги во нивната секојдневна посветеност и во службата на Црквата и светот.

Во апостолската конституција Praedicate Evangelium, папата Фрањо ја опиша мисијата на Дикастеријата за култура и образование како работа „за развој на човечките вредности кај луѓето во светлината на христијанската антропологија, придонесувајќи за целосно остварување на христијанското учеништво“.

За време на посетата, папата Лав XIV нагласи и дека Римската курија е „скапоцен инструмент“ за пренесување на верата, која ја опиша како „основната порака“ на Црквата.

На крајот од посетата, Папата ги благослови сите присутни, како и нивните семејства.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот