Ватикан потврди дека Папата имал кратка приватна средба со порториканскиот музичар во Мадрид.
Папата Лав XIV се сретна со популарниот пејач и рапер Бед Бани за време на неговата посета на Шпанија. Папата накратко го поздравил порториканскиот уметник и неговото семејство во понеделник вечерта, 8 јуни 2026 година, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, потврди Ватикан во вторник, по извештаите на шпанските медиуми.
Како што беше наведено, не постојат фотографии или видеозаписи од средбата меѓу двете многу различни светски познати личности.
Кратката аудиенција се одржала на третиот ден од еднонеделното патување на папата Лав XIV во Шпанија. Во исто време, латино поп-ѕвездата Бед Бани е на повеќедневна концертна турнеја на фудбалскиот стадион на Атлетико Мадрид.
Шпанските принцези Леонор и Софија, на возраст од 20 и 19 години, исто така присуствувале на еден од неговите концерти во неделата вечер. Претходно истиот ден, тие учествуваа на Светата Литургија за празникот Телото Христово со папата Лав XIV, заедно со нивните родители, кралот Фелипе VI и кралицата Летиција, како и со околу 1,2 милиони верници.
Во понеделник вечерта, Папата се обрати пред околу 80.000 католици на стадионот на Реал Мадрид. Средбата со Бед Бани потоа се одржала зад затворени врати.
Според извештаите на шпанските медиуми, претставници на пејачот претходно ја контактирале Шпанската епископска конференција за да договорат средба. Наводно се шпекулирало и дека уметникот ќе присуствува на Светата Литургија за Телото Христово со Папата во Мадрид.
Бед Бани, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Окасио, има 32 години и е американски латино рап и регетон пејач роден во Порторико. Тој моментално важи за една од највлијателните и комерцијално најуспешни музички ѕвезди во светот.
За време на настапот на полувремето од американскиот Супербоул во Калифорнија во 2026 година, тој рече: „Единственото нешто посилно од омразата е љубовта.“
Катпрес/к.мк

