Папата имаше мирна ноќ и продолжува со терапија

Папата имаше мирна ноќ и продолжува со терапија

Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 15 февруари 2025 година, ги информираше новинарите за здравствената состојба на папата Фрањо, кој од вчера е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“. Тој рече дека папата имал мирна ноќ, појадувал и прочитал неколку весници.

Папата имаше мирна ноќ, убаво спиеше, а утрово појадуваше и читаше весници. Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни извести за здравствената состојба на Папата, кој од вчера е хоспитализиран во поликлиниката Гемели поради респираторна инфекција. На средбата со новинарите, Бруни информира дека папата Фрањо продолжува со терапија и испитувања. Температурата на папата не е зголемена.

Дополнителни информации за неговата здравствена состојба ќе има во текот на денот, а се очекува и одлука во врска со утрешната молитва Ангел Господов. Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 14 февруари, по хоспитализирањето на Папата во поликлиниката „Гемели“ соопшти дека Светиот Отец има блага температура и дека почнал со фармаколошка терапија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот