На 1 јануари папата 2025 година, папата Фрањо испрати телеграма во која изразува сочувство до најблиските на починатиот кардинал Анџело Амато.
„Со човечка финост и великодушност се трошеше за Евангелието и Црквата“ – ова се зборовите кои ги спомна папата Фрањо на 31 декември за починатиот салезијанец, кардинал Анџело Амато, во телеграмата упатена до дон Стефано Мартољо, генерален претстојник на Друштвото на Свети Фрањо од Салес. Изразувајќи ја својата близина со таа монашка заедница и со членовите на семејството на починатиот кардинал, Папата му се заблагодари на Бога за поучното сведоштво на тој духовен син на свети Иван Боско.
„Служеше на Светиот Престол со свештенички дух и теолошка стручност, особено во Дикастеријата за наука на верата и во Дикастеријата за прогласување светци“, додаде папата Фрањо и ги вети своите молитви за душата на тој добар и грижлив слуга кој, како што напиша во телеграмата, бил верен на своето мото „Доста ти е мојата благодат), а во последно време, обележан со трпение, се препушти на добрината на небесниот Отец.
Конечно, верувајќи дека, придружуван од Марија помошничка на христијаните и светците и блажениците кои ги издигна на олтарот за чествување, кардиналот Амато сега е примен на вечната небесна гозба. Папата ги благослови оние кои ја споделуваат болката поради неговото заминување.
Погребот на кардиналот се одржа во четврток 2 јануари во 14.00 часот во олтарот на базиликата Свети Петар, а светата Литургија ја предводеше деканот на Кардиналскиот колегиум, кардинал Џовани Батиста Ре. На крајот од евхаристиското славење, папата Фрањо ја предводеше молитвата за препорака и последниот поздрав (Ultima Commendatio и Valedictio).
Ватикан њуз/к.мк