Папата Фрањо го напушти Едмонтон и замина во посета на источниот дел на земјата, по првите денови на средби и славења, придружени со барање за прошка од домородните заедници. Пристигнувањето во Квебек е предвидено за среда 27 јули 2022 година во 21.00 часот по средноевропско време
Посетата на папата беше благослов, неговите зборови беа зборови на исцелување – со тие зборови се осврна домородниот старешина Вилтон Литлчајлд, „Златниот орел“, на јазикот Кри, а се однесуваат на покајничкото ходочастие на папата Фрањо во Канада. Два дена во заедништво со домородните народи, кои завршија со света Литургија на стадионот Комонвелт во Едмонтон и Литургија на Словото крај езерото Света Ана.
Папата замина од главниот центар на канадската провинција Алберта во 9.00 часот по локално време, односно во 17.00 часот по средноевропско време, а по четиричасовен лет, пристигна околу 15.00 часот односно 21.00 часот по средноевропско време, на аеродромот во Квебек, вториот по големина град по населението по Монтреал. Квебек, град вклучен во светското наследство на УНЕСКО, неговото име доаѓа од автохтон збор што значи „каде што реката се стеснува“, а реката што минува низ него се вика Свети Лаврентиј (Saint Lawrence).
Официјални средби
Во тој град со европски карактер, со претежно француска архитектура, Папата ќе замине во Citadelle de Québec, резиденцијата на канадската генерална гувернерка Мери Меј Симон, каде ќе се одржи церемонија за добредојде. Потоа ќе следи средба со премиерот Џастин Трудо, граѓанските власти, дипломатскиот кор и претставници на домородното население. Папата потоа ќе одржи говор, по што ќе замине во надбискупијата, оддалечена 2 километри.
Ватикан њуз/к.мк