Папата Фрањо во пораката до учесниците на мултирелигиската средба насловена „AI Етика за мир“, која се одржа во Хирошима, Јапонија, чија цел е промовирање на етичкиот развој на вештачката интелигенција, папата Фрањо посочува дека вклучувањето на културното богатство на народите и религиите во управувањето со вештачката интелигенција е стратешки важно за мудро управување со технолошките иновации. „Римскиот повик за етика на вештачката интелигенција“ (The Rome Call for AI Ethics) беше потпишан од 16 водачи на источните религии.
Ве молам да му покажете на светот како обединети бараме активно да се ангажираме во заштитата на човековото достоинство во оваа нова ера на употреба на машини – е охрабрувањето на папата Фрањо во неговата порака до учесниците на дводневниот мултирелигиски состанок, со наслов „AI Ethics for Peace“ што започна на 9 јули, во Хирошима, Јапонија, со цел да се промовира етичкиот развој на вештачката интелигенција. На средбата се собраа повеќе од 150 учесници од 13 различни нации и претставници на 11 религии.
На 10 јули беше претставен документот „Апел за Хирошима“ во кој освен што се нагласува неопходното користење на вештачката интелигенција само за доброто на човештвото и планетата, меѓународната заедница поттикнува да се прибегнува кон мирољубиви средства за решавање на секој конфликт, со цел да се постигне итен прекин на сите вооружени конфликти и потпишување на „Римскиот повик за етиката на вештачката интелигенција“, во околината на Меморијалниот парк на мирот, од страна на шеснаесет верски водачи од различни религии од источниот свет (меѓу нив будизмот, хиндуизмот…), придружувани од претставници на авраамските религии (христијани, Евреи и муслимани).
Во апелот, во областа на вештачката интелигенција, се бара примена на алгоритми, односно етика според план, односно од моментот на планирање. Во својата порака, Папата напоменува дека вклучувањето на културното богатство на народите и религиите во управувањето со вештачката интелигенција е стратешки клуч за мудро управување со технолошките иновации и, како што направи на состанокот на Г7, тој повторно побара забрана за употреба на смртоносно автономно оружје. Дополнително, во објава на платформата Х, на неговиот профил @Pontifex, тој истакна дека можеме да изградиме мир само заедно, благодарение и на технологијата во служба на човештвото и со почитувањето на нашиот заеднички дом.
Одлуките секогаш треба да се оставаат на човекот
Папата Фрањо во својата порака посочува дека е важно токму во Хирошима да се сретнеме за да разговараме за вештачката интелигенција и мирот, бидејќи меѓу актуелните конфликти што го тресат светот, за жал, се почесто, покрај омразата кон војната, слушаме и за оваа технологија. Светиот Отец ја искористи оваа прилика за да го повтори она што го нагласи за овие прашања кога зборуваше со политичките лидери на групата Г7 на 14 јуни, потсетувајќи дека кога машината, во некои форми и со овие нови средства, произведува „алгоритамски избори“, доаѓа до технички избор помеѓу повеќе можности и се заснова или на добро дефинирани критериуми или на статистички заклучоци, додека човечкото суштество, напротив, не само што избира, туку е способно да одлучува во своето срце, и затоа прави практична проценка. Понекогаш, често во тешката задача на управувањето, повикани сме да носиме одлуки со последици за многу луѓе – забележува Папата, кој пред чудата на машините, кои изгелдаат како да можат самостојно да избираат, смета дека е апсолутно неопходно одлуката секогаш да се препушти на човечкото суштество, дури и со драматичните и итните тонови кои понекогаш се појавува во нашиот живот.
Ние би го осудиле човештвото на безнадежна иднина, ако им ја одземеме способноста на луѓето да одлучуваат за себе и за својот живот, осудувајќи ги да зависат од одлуките на машините – додава папата Фрањо, повторно цитирајќи го својот говор пред групата Г7 и нагласувајќи ја потребата од гаранција и заштита на просторот за надзор од страна на луѓето врз процесот на избор на програмата на вештачката интелигенција, бидејќи самото човечко достоинство е во прашање.
Треба да се забрани употребата на смртоносно автономно оружје
Пофалувајќи ја иницијативата промовирана во Јапонија од страна на Папската академија за живот, религиите за мир во Јапонија, Форумот за мир на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби и Комисијата за меѓурелигиски односи на Главниот рабинат на Израел, Папата истакна дека таа е од фундаментално значење, обединети како браќа, да го потсетиме светот колку е итно, размислувајќи за вооружените конфликти, да се преиспита развојот и употребата на уреди како што се таканаречените „смртоносни автономни оружја“ со цел да се забрани нивната употреба, почнувајќи веќе со активните и конкретни напори за воведување на сè поголем и позначаен човечки надзор. Затоа што ниедна машина никогаш не треба да одлучи дали да го одземе животот на човечко суштество. На крајот од пораката, папата Фрањо изразува надеж дека средбата во Хирошима ќе ги донесе плодовите на братството и соработката и ја ветува својата молитва за сите да станат средство за мир во светот.
Ватикан њуз/к.мк