Во салата на Павле VI. Папата се сретна со учесниците на ходочастието од монашката заедница Ученички на Евхаристискиот Исус, по повод стогодишнината од нивното основање, и ги истакна карактеристиките на оние жени посветени на Бога, со што бискупот Рафаело Деле Ноке сакаше да им помогне на луѓето во својата бискупија, измачени од сиромаштијата и Прво Светска војна. Тој ги поттикна монахињите да се грижат за најсиромашните, најпрезрените и најмаргинализираните членови на Телото Христово.
Поклонување, слушање и поправање, односно да се даде нежност – затоа се основани Ученичките на Евхаристискиот Исус, монашка заедница основана на 4 октомври 1923 година од бискупот од Трикарика, во тогашна Луканија, а денес Базилкати, Рафаело Деле Ноче и две млади жени, Линда Мачина и Силвија Ди Сома, во услови на искушенија поврзани со сиромаштвото и лузните од Првата светска војна, како и пандемијата на „шпанскиот грип“. На тоа потсети папата Фрањо на 25 август, во салата Павле VI, обраќајќи им се на стотиците учесници на ходочаситеот на тоа монашко семејство, по повод стогодишнината од основањето. Папата потсети на историјата на таа монашка заедница дека монсињор Деле Ноке сакал да се соочи со бројните потреби на неговата бискупија. Откако не најдел ниту една монашка заедница, како машка, така и женска, која ќе сака да дојде таму и да работи, тој не се обсехрабрил, туку го прифатил предлогот на папата Пиј XI, па така основа нов институт кој ќе му помогне во служење на последните.
„Стратегијата за дејствување“ на бискуппот Деле Ноке
Монахињите Ученички на Евхаристискиот Исус беа сиромашни слугинки на сиромашниот народ – истакна папата Фрањо и додаде: Центарот на нивниот живот беше Евхаристијата, која во конституцијата на Вториот ватикански собор, Sacrosanctum Concilium, вели дека тоа е Света Тајна на „добрината, знак на единство, врска на љубовта“, а нивната задача е да се пополнат со нежност, раните и празнините што ги создава гревот кај човекот и во општеството, почнувајќи од клекнувањето пред Исус во посветената хостија и – како што рече Папата – долго да се остане со Него.
Тоа го препорачуваше монсињор Деле Ноке, дури и во моменти на духовна сувост; таквата „стратегија на дејствување“ која според светските критериуми изгледаше апсурдна: да им се каже на монахињите да клечат и да се поклонуваат, во однос на огромните потреби и скудните ресурси на располагање, каква смисла има тоа? – праша Римскиот епископ и истакна: Сепак, тој пат донесе плодови.
Молитвите на тие храбри жени, имено, вдахнаа заразна сила, која набрзо ги наведе да преземаат и промовираат дела на материјално, културно и духовно откупување што ги надмина сите очекувања. Тие ја разбудија верата и ангажирањето на семејствата и парохиските заедници, основаа училишта од различни видови и нивоа, поттикнаа побожност и чувство на самодостоинство кај многу луѓе, мажи и жени, млади луѓе, возрасни и стари лица, кои премногу често и премногу долго време беа угнетувани во нехуманите услови за живеење, презир и рамнодушност од околниот свет кој во нив не гледаше ништо друго освен отпад на општеството.
Војната против сиромаштвото и неправдата и епидемијата на љубов
И денес има луѓе кои се отфрлени од општеството – истакна Папата и ги охрабри монахињите да го продолжат делото на своите први сестри меѓу „отфрлените“ кои започнаа поинаква „војна“: Против сиромаштвото и против неправдата; и прошири поинаква епидемија, епидемија на љубов.
Да се промовираат патишта на вклучување во светлината на Евхаристијата
Денес, Ученичките на Евхаристискиот Исус се присутни на пет континенти, со училишта, мисии и разни служби, а Папата ги поттикна да се соочат со денешните предизвици како нивните сестри кои им претходеа.
Почнувајќи со застанување пред Исус во Евхаристијата, со прекршениот леб и Учителот што им ги мие нозете на учениците, и вие учите да ги гледате своите браќа и сестри низ лупата на посветената хостија. Евхаристијата, „горлива, блескава и просветителска точка“ на секоја христијанска визија за човекот и светот, ве поттикнува да се грижите, како што направија монсињор Деле Ноке и младите Линда и Силвија, посебно за најсиромашните, најпрезрените и најмаргинализираните членови на Тело Христово. И ве поттикнува да промовирате начини на вклучување и откупување на достоинството на луѓето во делата кои ви се доверени.
Да бидеме гостопримливи путири, кои ги носат најсиромашните кај Бога
Папата Фрањо на крајот ги потсети монахињите на поттикот на монсињор Деле Ноке да бидат „путири и дискоси“ во кои ќе ги примат скромните жртви на сиромашните за да му ги претстават на Бога. Затоа ги поттикна да се ослободат од себе, да бидат отворени и пространи „садови“, подготвени да го примат секој и сѐ во срцето да го донесат кај Бога, а потоа секој да може од својот живот да направи да биде дар за другиот.
Ватикан њуз/к.мк