Папата до младите: Бидете блиски до ова рането човештво

Папата до младите: Бидете блиски до ова рането човештво

Бидете блиски до ова рането човештво и до оние кои се отфрлени и исклучени, мали и сиромашни! – охрабрува папата Фрањо во пораката која ја потпиша државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин, упатена до младите собрани во Мадрид на 41. Европска средба на екуменската заедница од Тезе.

На средбата која се одржува од 28 декември 2018 годиа до 1 јануари следната година, учествуваат 15.000 млади.

Папата во пораката бара од младите да го прифатат предизвикот на гостопримство и ги повикува да ја отворат вратата на своето срце за Господ и за Неговото Слово, да ја промовираат културата на средба, прифаќајќи се взаемно со почитување на разликите. Спомнувајќи ја темата за овогодинешната срдба, која гласи „Да не го заборавиме гостопримството“, Папата потсетува на Епископската синода, неодамна одржана во Рим на тема „Младите, верата и распознавањето на звањето“ за уште еднаш да истакне дека заедно со нив, целата Црква се доверува на нив.

Притоа посебно потсетува на пораката за Светскиот ден на младите 2018 година и ги поттикнува исто така младите собрани на средба на заедницата од Тезе, никогаш да не ја избугат волјата за задоволство од средбата, пријателството, заедничкото сонување, и одењето со другите. Вистинските христијани не се плашат да се отворат за другите, да ги поделат своите животни простори претворајќи ги во простори за братство – истакнува Папата.

Младите повикани да ги употребат своите таленти за светот да го направат подобар

Затоа Светиот Отец ги поттикнува младите да откријат како е можно да ја живеат великодушната гостољубивост, да научат да се богатат од разликите на другите и да направат нивните таленти да донесат плод, за да станат градители на мостови помеѓу Црквите, религиите и народите. Бидејќи на средбите на заедницата од Тезе учествуваат протестанти, католици и православни вернци, Папата го моли Светиот Дух да помогне младите да ги прифатат разликите на другите како „пат за заедништво“ и ги повикува своите таленти, својата енергија и своите сили да ги употребат за светот да го направат подобар и секој човек да го пронајде своето место во крилото на големото човечко семјество.

Нека примерот на Марија чија љубов е полна со смелост и целосно насочена на дарување на себе, ве поддржи во конкретното живеење на таа љубов која нè поттикнува да го љубиме Бог повеќе од било што и повеќе од нас самите, и да ги сакаме луѓето со кои го делиме секојдневниот живот – рече папата Фрањо.

Пораките на другите христијански и политички водачи

Пораката на Папата е објавена на интернет страницата на заедницата од Тезе заедно со пораката на екуменскиот цариградски патријарх Вартоломеј, главниот секретар на Екуменскиот совер на Црквите (WCC) Олаф Фикс Твеит, потоа главниот секретар на Светскиот лутерански сојуз Мартин Јунг, генералниот секретар на ООН Антонио Гутераш и градоначалникот на Мадрид, Мануела Кармена

Младите примени во 170 парохии во Мадрид

Потсетува на крајот дека средбата во Мадрид уште еднаш е дел од „Ходочастие доверено на земјата“ која кон крајот на 70 години го започнува брат Роџер. Оваа година за учество на средбата се пријавиле 15.000 млади кои се сместени во 170 парохии и илјадници семејства во Мадрид.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот