Папата во Мадрид се сретна со преживеани од злоупотреба

Папата во Мадрид се сретна со преживеани од злоупотреба

Папата Лав XIV се сретна со шест лица преживеани од злоупотреба извршена од свештеници и црковни соработници во Шпанија. Тие беа придружувани од црковни лица кои се ангажирани во поддршката на жртвите. Како што соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол преку својот канал на Телеграм, средбата се одржала во понеделник попладне, 8 јуни 2026 година, во Апостолската нунцијатура во Мадрид.

Ваква средба беше најавена уште пред почетокот на патувањето на Папата во Шпанија. За време на речиси едночасовниот разговор, секој од присутните, поаѓајќи од своето болно лично искуство, му претставил на Папата неколку предлози за тоа како Црквата може поефикасно да реагира во вакви драматични случаи.

Папата ги слушал со љубов и внимание, им ја изразил својата блискост, како и блискоста на целата црковна заедница, и ја потврдил својата посветеност примените предлози да станат основа за понатамошни напори. Тој нагласил дека Црквата треба навистина да биде сигурно и духовно здраво место, каде што раните можат да најдат утеха и исцелување.

Според Канцеларијата за печат на Светиот Престол, жртвите почувствувале дека Папата го презел врз себе товарот на нивната болка, беше соопштено пред новинарите во понеделник вечер.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот