Во писмото до Роберт Андрес Галард, претседателот на Панамериканскиот одбор на судии за социјални права, Папата изрази задоволство поради тоа што, во ова време на заразата со вирусот Ковид – 19 владите одлучиле да го стават на прво место социјалното здравје. Ако тоа не го сториле, напиша Папата, тоа ќе беше избор на смрт.
Иднината е сега, глад на луѓето без постојана работа, во насилство, во појава на лихварите, нехумани криминалци кои се вистинскио зло за иднината на општеството. Тоа е иднина, која без правилни одлуки, се плаши од „вирусен геноцид“ напиша Папата во писмото до Роберт Андрес Галард, претседател на Панамериканскиот одбор на судии за социјални права во кое даде осврт на нашата планета која е силно погодена со коронавирусот, која ги стави владите пред многу важни одлуки.
Светот го градат оние кои го ризикуваат животот
Папата му напиша писмо на судија кој веќе долго време го познава, каде му ја довери својата загриженост поради геометрискиот напредок на пандемијата, и изрази восхит за однесувањето на бројни лица, лекари, болничари, волонтери, монаси, монахињи, свештеници, кои го ризикуваат својот живот за да ги лекуваат и штитат од зараза здравите луѓе.
„Владите кои се справуваат со кризата на овој начин го покажуваат приоритетот на своите одлуки, а тоа пред се е личноста. Би било жално да се донесат поинакви одлуки, тоа многу луѓе би ги довело до смрт, тоа би бил вирусен геноцид“
Единствениот можен избор
Папата Фрањо својот поглед го насочи на состојбата кон која оди населението од целиот свет. Некои влади превземаа соодветни дејствија со точно одредени проритети со цел да ги заштитат своите сограѓани – забележа тој, истакнувајќи дека иако ова се мерки што ги вознемируват оние што се приморани да ги почитуваат, но тие се потребни за општо добро.
Властите кои се соочуваат со кризата на овој начин го покажуваат приоритетот на своите одлуки, а тоа се пред се луѓето. Тоа е важно затоа што сите знаеме дека заштита на народот значи економска загуба. Меѓутоа – одлучно додаде папата Фрањо би било жално да одлучат поинаку, тоа би довело до смрт на многу луѓе, до еден вид вирусен геноцид.
Важна е иднината
Важна е подготовката за подоцна – истакна Папата, известувајќи за состанокот со Дикастеријата за промовирање на целосниот човечки развој, што се одржа во петок, на кој се размислувало за сегашноста и иднината. Последните мисли во писмото папата Фрањо ги упати токму за економската иднина и го цитираше видувањето на економистката Маријана Мазукато, професорка на Универзитетот во Лондон, од нејзината книга со наслов „Вредноста на сè“ објавена 2018 година. Имено, книгата зборува за тоа како во глобалната економија шпекулантите се прават како творци на вредноста, и повикува да се размисли за вредноста како клуч за остварување на поинаков и подобар свет. Мислам дека тоа помага да се мисли на иднината – истакна Папата.
Ватикан њуз/к.мк