Одржано 43. пленарно заседание на Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ во Белград

Одржано 43. пленарно заседание на Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ во Белград

Во просториите на Пасторалниот центар „Папа Иван Добри“ во Белград, на 27 и 28 јануари 2026 година, се одржа 43. пленарно заседание на Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ (МБК) на кое учество зема и Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р  Киро Стојанов.

Бискупите разговараа за понатамошниот тек на Синодалниот процес во своите над/бискупии, во согласност со мотото „Заедништво, учество, послание“, со цел зајакнување на мисионерската димензија на Црквата и навестувањето на Евангелието во современото општество. Посебно внимание беше посветено и на донесувањето дополнителни одредби во согласност со Кодексот на канонското право, како и на подготовката за Ad limina посетата на бискупите на МБК кај папата Лав XIV и Светиот Престол, планирана за декември 2026 година.

На заседанието беа одржани и избори за новото раководство на МБК. За нов претседател е избран монсињор Дод Ѓерѓи, за потпретседател монсињор Фабијан Свалина, а за генерален секретар монсињор Мирко Штефковиќ. Нивниот петгодишен мандат започнува на 1 јуни 2026 година. Меѓународната бискупска конференција „Свети Кирил и Методиј“ дејствува од 22 декември 2004 година и ги обединува католичките бискупи од регионот на Југоисточна Европа.

Покрај бискупите и надбискупите од Македонија, Србија, Црна Гора и Косово на заседанието учествуваа и претставници на бискупските конференции на Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Романија. Присутни беа и апостолските нунции во во земјите членки на МБК.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот