Папата Фрањо потпиша збир на правила кои од 1 јули ја регулираат фондацијата доверена на Друштвото Исусовци развиена од Апостолот на молитва. Секој месец оваа фондација објавува „Видео на Папата“ со молитвените накани на Папата благодарение на мрежата, која е распространета во 89 земји. Секретаријатот за економија е надлежно за конечното одобрение на финансиските изваштаи и именување на ревизори.
Новиот Статут на ватиканската фондација „Папска светска молитвена мрежа“, кој беше одобрен од папата Фрањо на 1 јули оваа година и објавен на 8 јули 2024 година, ја потврдува отвореноста за универзалната димензија на иницијативата што произлезе од Друштвото Исусовци, кое го става во служба на сите партикуларни Цркви во светот. Но, споредено со Статутот од 2020 година, Секретаријатот за економија е вклучен како одговорен за конечно одобрување на буџетот, превентивно и советодавно и за назначување на ревизор. Овие задачи претходно му беа доверени на Државниот секретаријат.
Иницијатива за формирање
Папската светската молитвена мрежа, како што се потсетува во Статутот, е развиена од првичната иницијатива на Апостолатот на молитва, која беше иницирана во Франција во 1844 година од Исусовскиот отец Франсоа-Ксавиер Готреле, и која првично беше упатена до младите Исусовци за време на нивната почетна обука. Иницијативата брзо прерасна во Апостолат на молитва за мисијата на Црквата, достигнувајќи околу 13 милиони членови во многу земји. Потоа, во 1915 година, како негов младински дел се роди Евхаристиско младинско движење. Со текот на годините и преку различни статути, Апостолатот на молитва се повеќе е во служба на Светиот Престол и блиска со молитвените накани на Светиот Отец (како што посакувале Лав XIII и Пиј XI).
Ватиканската фондацијата е основана во 2020 година
Следејќи ги стапките на неговите претходници, папата Фрањо сакаше таа служба на Светиот Отец, преку молитва, да стане Папско дело, а со хирограф од 17 ноември 2020 година, ја основа Ватиканската фондација „Папска Светска молитвена мрежа“. На овој начин, бидејќи во минатото Апостолатот на молитва се сфаќаше како мисија на Светиот Престол доверен на Друштвото Исусовци, од тој момент, како Папска светска молитвена мрежа, продолжи да им се доверува на Исусовците, но отворена за универзална димензија, ставајќи се себеси во служба на сите партикуларни Цркви во светот. Папската светската молитвена мрежа го координира и анимира ова духовно движење во многу земји, поддржувајќи ја мисијата за евангелизација на Папата преку молитва за мисијата на сочувство со светот.
Мрежата е присутна во 89 земји, со 22 милиони католици
Како што се истакнува во новиот Статут, Фондацијата има задача да координира и анимира на глобално ниво, а денес е присутна во 89 земји, вклучени во мрежа со повеќе од 22 милиони католици. Станува збор за земји и епархии кои ја разбираат молитвата како форма на апостолат и, особено, кои ги земаат месечните молитвени намери кои Светиот Отец и ги предлага на Црквата како тема или содржина на лична или колективна молитва, со што соработуваат со мисијата на Црквата за да се стават во служба на предизвиците на човештвото. Новите алатки за молитва што ги иницираше Папската светската молитвена мрежа „Кликни за молитва“, официјалната веб-платформа на Папата за молитва и „Видео на Папата“, која ги објавува молитвените накани на Папата секој месец.
Духовен пат „Патот на срцето“
Светската мрежа, потсетува Статутот, е отворена за сите католици кои сакаат повторно да го разгорат, обноват и живеат мисионерскиот карактер што произлегува од нивното крштевање. Нејзината основа е духовноста на Исусовото Срце, објаснето во документот за Апостолатот на молитва со наслов „Одење со Исус во апостолска достапност“, од декември 2014 година. Поради оваа причина, тој им предлага на католиците духовен пат наречен „Патот на срцето“, со цел да ги идентификува чувствата и постапките со Христовото срце. Тоа е пат кој интегрира две димензии: сочувство кон светот и луѓето и заеднштво со мисијата на Синот.
Сочувство со човекот, за борба против рамнодушноста
Во светската мрежа, луѓето кои прифаќаат да се молат за наканите на Папата, кои ги изразуваат предизвиците на човештвото и мисијата на Црквата – како што е наведено во статутот – ги отвораат своите очи и срца за потребите на светот, правејќи ги своие радостите и надежите, болките и страдањата на човештвото и Црквата, и се вдахновени да вршат духовни и телесни дела на милосрдие. Така живеат духовен пат кој им овозможува да излезат од „глобализацијата на рамнодушност“ и да се отворат за сочувство кон светот. Во гореспоменатото духовно патување, кое е поттикнато од Папската светската молитвена мрежа, се буди мисионерскиот повик на крстените, овозможувајќи да се соработува во секојдневниот живот со мисијата што Отецот му ја довери на својот Син.
Фондација управувана од Папата преку Државниот секретаријат
Во делот посветен на административните органи на Светската мрежа, Статутот потврдува дека Фондацијата е директно подредена на авторитетот на Папата, кој со неа управува преку Државниот секретаријат, имајќи предвид дека му е доверено на Друштвото Исусовци уште од почетокот на Апостолатот на молитва. Со неговиот одбор на директори претседава меѓународен директор кој, колку што е можно, ќе припаѓа на Друштвото Исусовци, кој же биде предложен од Исусовскиот поглавар на истото Друштво, а же биде именуван од Папата за пет обновливи години. Советот, исто така, се состои од еден претставник на Државниот секретаријат и тројца членови предложени од генералниот поглавар на Друштвото Исусовци, кои сите се назначени од државниот секретар за петгодишен мандат и можат да бидат потврдени на таа позиција.
Ватикан њуз/к.мк