Логото за посетата на папата Франциск на Македонија содржи три главни елементи:
Првиот елемент е развиореното македонско знаме сместено во границите на Република Македонија. Земја која ја посетува Светиот Отец.
Вториот елемент е стилизираниот лик на папата Франциск, опточен со сини линии што симболизира дека Папата доаѓа во земјата на света Мајка Тереза. Ликот на папата Фрањо е претставен во полупрофил со десната рака ја благословува Македонија, со сите нејзини особености, а во левата рака го држи епископското жезло, што ја симболизира неговата пастирска посета на Македонија. Папата е во бело и во комбинација со жолтата боја од зраците на македонското знаме ги отсликува боите на ватиканското знаме.
Во долниот дел се бранови во сина боја, кои укажуваат на секојдневните предизивици, истакнувајќи го наследството кое света Мајка Тереза го остава на Македонија, градот Скопје и овие простори.
Мотото за посетата е земено од Евангелието според Лука 12,32 „Не бој се, мало стадо!
к.мк