Вечерта на 11 јануари 2022 година папата Фрањо неочекувано ја посети продавницата за плочи Stereosound во Рим.
За граѓаните беше огромно изненадување кога на 4 септември 2015 година, напладне, Папата застана кај оптичар во историскиот центар на Рим по нови наочари. Ова се случи уште еднаш, кога на 21 декември 2016 година, тој појде да купи чевли во продавницата Fisioitop во римската наслеба Грегорио VII.
Слична сцена се случи и синоќа, кога папата Фрањо ненадејно се појави пред продавницата за плочи „Stereosound“ во близина на Пантеон. Папата ги познава сопствениците на продавницата од времето кога го посетувал Рим како надбискуп на Буенос Аирес.
Пристигнувајќи околу 19 часот со бел Fiat 500L, папата Фрањо набрзо го привлече вниманието на минувачите.
Според директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол Матео Бруни, папата Фрањо го благословил неодамна реновираниот дуќан и во продавницата останал околу 10 минути. Папата ја благослови постарата сопственичка Летиција, нејзината ќерка и зет, а сопственикот му подарил на папата плоча со класична музика.
Ватикан њуз/к.мк