Неделно Слово – Дваесет и осма недела по Педесетница

Неделно Слово – Дваесет и осма недела по Педесетница

Ви го пренесуваме размислувањето за Дваесет и осма недела по Педесетница според Евангелието од Лука 14,16-24 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.

Од светото Евангелие според Лука (14,16-24)

А Исус му одговори со следнава споредба: “Си беше еднаш еден човек, кој приготви голема вечера и им упати покани на голем број гости. Кога дојде времето за вечерата, тој го испрати својот слуга да ги повика гостите, велејќи им: ,Дојдете, сe е подготвено!‘

Но сите тие, еден по друг, почнаа да се изговараат. Првиот му рече: ,Купив нива и морам да одам да ја видам; прости, но не можам да дојдам.‘ Вториот му рече: ,Купив пет ѕевгари волови и морам да одам да ги испробам; прости, но не можам да дојдам.‘ Третиот му рече: ,Штотуку се оженив и не ќе можам да дојдам.‘

Слугата се врати дома и му раскажа сe на својот господар. Домаќинот многу се налути и му рече на својот слуга: ,Оди бргу по раскрсниците и по градските улици и доведи ги сиромасите, куците, слепите и сакатите!‘

Набргу, слугата го извести: „Господару, направено е сe како што заповеда, но има уште слободни места!‘

Тогаш господарот му рече на слугата: ,Излези по патиштата и меѓу оградите и поттикни ги луѓето да дојдат, за да ми се наполни куќата! Ве уверувам, дека, ни еден од оние што беа поканети на почетокот, нема да вкуси од мојата вечера!‘“

Категорија: Вера, Духовност

За авторот