Папата Лав XIV ја објави својата прва месечна молитвена накана за месец јуни, повикувајќи ги верниците да се молат „секој да најде утеха во личниот однос со Исус и од Неговото Срце да научи да има сочувство кон светот“.
Месечната молитвена накана на папата Лав XIV за јуни, месецот традиционално посветен на Срцето Исусово, е „светот да расте во сочувство“.
Папата ја повика Црквата да се моли за оваа накана во овамесечното „Видео на Папата“, кое ѝ е доверено на целата Католичка црква преку Папската светската молитвена мрежа.
За прв пат откако Светиот Отец е избран за 266-ти наследник на Петар на 8 мај 2025 година, го слушаме гласот на папата Лав XIV како ја презентира наканата преку видео порака.
Погледнете го видеото.
Ватикан њуз/к.мк