Молитвена накана на епископот Стојанов за месец февруари 2026

Молитвена накана на епископот Стојанов за месец февруари 2026

Во месечната молитвена накана на епископот Стојанов за февруари 2026 година повикува да молиме за оние кои се оддалечиле од животот на Црквата.

Во овој месец нека се издигне нашата молитва до Бога за оние кои се оддалечиле од животот на Црквата. Како што Бог некогаш преку пророците го повикуваше Израилот да се врати кај Него, така и денес, преку молитвата на Црквата, продолжува да ги повикува своите чеда на помирување и повторно пронаоѓање на патот до Божјото срце.

Господи, погледни на оние што поради рани, разочарувања, лични борби или духот на времето се оддалечија од светотаинскиот живот и од заедништвото со Твојата Црква. Разбуди во нив копнеж по вистината, по смислата на животот и живот во заедништво со Тебе. Нека ја почувствуваат Црквата како Мајка што ги чека своите чеда, подготвена повторно да ги прегрне.

Со доверба во Твоето неизмерно милосрдие, Господи, ја принесуваме оваа молитвена накана пред Тебе, знаејќи дека ниту едно срце не е изгубено за Твојата љубов.

к.мк

 

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот