Молитвена накана на епископот Стојанов за јули 2025

Молитвена накана на епископот Стојанов за јули 2025

Молитвената накана на епископот Стојанов за јули 2025 година е посветена за заштита на природата и водните ресурси, а гласи:

Во месец јули, кој обично е со високите температури и сушни денови и е зголемен ризикот од пожари, да ја воздигнеме нашата молитва кон Господ Бог да ја заштити природата и водните ресурси од човечката невнимателност и од последиците на климатските промени.

Ве повикувам да бидеме свесни за нашата заедничка одговорност кон природата и водните ресурси, но и внимателни при употребата на водата и да избегнуваме активности кои можат да предизвикаат пожари. Да не заборавиме дека сме само управители на создаденото, а не сопственици. Бог има голема доверба во нас, токму затоа ни ја довери Неговата градина да ја пазиме (сп. 1 Мојсеева 2,15).

Посакувам во вашите молитви во овој месец да ги вклучите пожарникарите, шумарите, доброволците и сите кои се ставаат во заштита на природата, водните ресурси и борбата против огновите.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот