Мајска побожност

Мајска побожност

Месецот мај посветен на Марија е една народна побожност која со векови била вкоренета меѓу верниците. Црквата оваа традиција ја поддржала со доделување на посебни и потполни опрости, но и повикувајќи се на некои Доктрински документи како што е енцикликата „Менсе мајо (Месец мај)“ на папата Павле VI од 1965 година.

„Месецот мај не поттикнува на посебен начин да размислуваме и да зборуваме за Неа“, тврдеше папата Иван Павле II на почетокот на Генералната аудиенција на почетокот од месецот мај во 1979 година. „Всушност, ова е нејзин месец. Така што литургиската година заедно со овој месец нѐ повикува на посебен начин да ги отвориме нашите срца кон Марија.“

Но зошто токму овој месец е посветен на Марија, ако во другите месеци се слават многу поважни литургиски празници на Марија? Блажениот Џон Хенри Њуман во книгата „Медитации и Побожности“ наведува неколку причини:

„Првата причина е што тоа е времето кога од земјата излегува бујно зеленило, свежи листови и зелена трева, после суровиот студ и зимските снегови и после непријатните студени временски услови, како и непредвидливите ветрови и дождови од раната пролет.“ (…)

А што ако мај е дождлив?

„Ако не друго, несомнено може да кажеме дека тоа е месец на ветувањата, на очекувањата и на надежта. Иако времето може да биде лошо, но сепак тоа е месец кој е претходник и навестител на летото.“

„Мај е месец, ако не на исполнување, тогаш барем на ветување; а не е ли токму ова гледиштето под кое сосема соодветно ја гледаме Пресвета Богородица, Света Марија, чиј месец ѝ е посветен?“

Во некои земји во месецот мај се слави Денот на мајката, па сеќавањето и чествувањето честопати се искажувало и на небесната мајка.

За многумина, месец мај е најубавиот месец како што и Марија е најубавата жена. Тоа е месец со најмногу цветови кои ги приближува срцата кон Неа, Словото кое станало цвеќе.

Битно.нет/З.А

Категорија: Вера, Духовност

За авторот