Во почетокот на август, римската населба Тор Вергата повторно ќе се претвори во голем младински форум, како што беше во времето на папата Војтила, кој токму таму ја одржа главната средба за Светскиот ден на млади во јубилејната 2000 година.
Во недела, на 3 август, папата Лав XIV ќе ја предводи светата Литургија по повод јубилејот на млади. Литургијата ќе започне во 9:00 часот. Ова го објави надбискупот Диего Равели, префект на Папската канцеларијата за литургиски прослави, кој истовремено соопшти и други датуми за јавните богослужби на Светиот Отец.
На 15 август, на празникот Успение на Пресвета Богородица, во 10:00 часот, папата Лав XIV ќе предводи свечена Литургија во папската парохија „Свети Тома од Виланова“ во Кастел Гандолфо.
Следниот голем литургиски настан ќе биде канонизацијата на двајца блажени: Пјер Џорџо Фрасати и Карло Акутис, која ќе се одржи во недела, на 7 септември. Канонизацијата на Карло Акутис првично беше закажана за 27 април, како дел од Јубилејот на младите, но беше одложена поради смртта на папата Фрањо.
Од истата причина, екуменскиот прослава на новите маченици – сведоци на верата, кое требаше да се одржи на 9 мај, ќе го предводи Папата на 14 септември во базиликата „Свети Павле надвор од Ѕидините“. Литургијата ќе започне во 17:00 часот.
Во недела, на 28 септември, на плоштадот „Свети Петар“,папата Лав XIV, ќе служи света Литургија по повод Јубилејот на катехистите.
Ватикан њуз/к.мк