Крстен пат по крстовите на Нова Маала

Крстен пат по крстовите на Нова Маала

Верниците од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Нова Маала по четврти пат молеа Крстен пат по крстовите низ селото

На Крстопоклона недела, 15 март 2026 година, во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала се молеше традиционалниот „Крстен пат по крстовите на Нова Маала“.

Оваа побожност се организира по четврти пат и веќе претставува препознатлив дел од чествувањето на Крстопоклоната недела во парохијата. Молејќи ја оваа побожност надвор од црквата, верниците поминаа покрај крстовите низ селото, јавно сведочејќи ја својата вера. И оваа година учествуваа голем број верници, а особено беше забележливо присуството на млади и деца.

За време на побожноста беше упатена и посебна прозба Господ да ги благослови нивите и да дарува добар род и плод.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот