На четвртиот ден од „Медитеранските теолошки средби“, во Ловран, Хрватска, главна тема беше Синодата на Католичката црква, каде на 40 млади студенти и докторанти по теологија, католици, православни и протестанти, им се обрати преку видео повик од Ватикан кардиналот Греч, Генерален секретар на Синодата.
Синодата на Католичката црква, која започна во есента 2021 година во бискупиите ширум светот, беше главна тема на предавањата на четвртиот ден од „Медитеранските теолошки средби“, екуменски форум чиј домаќин е Риечката надбискупија во Хрватска, кој заврши во сабота, 16 јули. Кардиналот Марио Греч, генерален секретар на Синодата, во видео повик од Ватикан, одржа предавање на англиски јазик „За Синодална црква: заедништво, учество, послание“, по што следеше дијалог со прашања од околу 40 студенти, меѓу кои и од студенти на Православниот богословски факултет од Белград.
Синодота е посебен настан, бидејќи е настан на целата Црква
Греч, кој ја пофали иницијативата на медитеранските теолошки средби, се осврна на синодалниот процес на Католичката црква, посочувајќи дека тоа е „посебен настан, не затоа што е нов, имајќи предвид дека свети Павле VI повторно го воведе во нашата Црквата пред повеќе од педесет години, но затоа што модалитетот е нов. Тоа не е само Епископска Синода, туку синода на целата Црква. Архиерејскиот собор ќе биде само дел од тој синодален процес“.
Континенталните синодални собранија се во подготовка
Генералниот секретар на Синодата, по потекло Малтежанец, потоа истакна дека овој нов потег „ни овозможува да ја вратиме основната улога на Божјиот народ во Црквата“, која ќе биде слушана при распознавањето на она што ни укажува Светиот Дух за овој пат, во „sensus fidei fidelium“, како и „теолозите и нивното истражување и учителствотот на епископите“. Одговарајќи на прашањата, кардиналот Греч рече дека се подготвуваат континенталните синодални собранија и дека од сите претседатели на бискупските конференции побарал овој собор „да биде црковен и да заврши со момент на синтеза резервиран за епископите, кои ќе треба да споделат она што ќе им даде Духот“.
Помош од теолошките истражувања за разјаснување на некои прашања
Кардиналот потоа објасни дека веќе се консултирал со теолошката комисија што беше формирана при секретаријатот на Синодата, „да ни помогне да решиме некои прашања кои бараат нова теолошка синтеза“, барајќи помош и придонес од предлозите на младите луѓе, теолози присутни во Риека, кои се католици, православни и протестанти. Тоа ќе биде, објасни тој, „динамична напнатост помеѓу расудувањето на поединецот и заедницата“. Поттикнат од други прашања, Греч рече дека, од извештаите што веќе доаѓаат од различни консултации, забележал „повеќе ентузијазам кај лаиците кои не се теолози отколку кај оние што студираат теологија и меѓу помладите свештеници“. Во Латинска Америка, додаде тој, културата на синодалност е посилна отколку во Европа.
Ватикан њуз/к.мк