Мајка на својот син му дала совет кој никогаш нема да го заборави …
Мајка и момче шетаат покрај плажа. Во еден момент момчето прашува: „Мамо, како се чува љубовта?”
Таа го погледнала и му одговорила:
“Земи малку песок и стисни го во дланката …”
Момчето ја стегна дланката и што повеќе го стискаше, песокот повеќе паѓал од неа…
„Но, мамо, песокот ми бега …”
„Знам, а сега целосно отвори ја дланката…”
Момчето ја послуша, но во тој момент дувна ветер и го однесе целиот песок од дланката …
„Ни вака не успевам да го задржам песокот …”
На тоа мајката, со насмевка на лицето, рече:
„Сега повторно земи малку песок во раката и држи ја дланката како да е во облик на лажица, доволно затворена за да го заштитиш, а доволно отворена за да биде слободен …”
Детето направи како што му било кажано и песокот остана на дланката, заштитен од ветрот и слободен да не се лизга низ прстите.
Еве, така се чува љубовта…
Битно.нет/Анастасија Делијанова