Именикот „Annuario Pontificio“ сега и во дигитален формат

Именикот „Annuario Pontificio“ сега и во дигитален формат

Главниот статистички прирачник на Католичката црква, „Annuario Pontificio“, сега е достапен онлајн. На 8 декември 2025 година, беше пуштена во употреба официјална дигитална платформа која овозможува непосреден пристап до податоци за одделенијата на Римската курија, епархиите, верските институти и нунцијатурите.

Овој чекор ги отстранува логистичките ограничувања на печатеното издание и ги прави официјалните податоци на Светиот Престол достапни насекаде и во секое време – преку прелистувач или мобилна апликација.

Проектот, имплементиран од Државниот секретаријат и Дикатеријата за комуникации, му беше презентиран на Лав XIV, кој лично го посети новиот портал. „Ќе биде многу корисен за оние кои работат во служба на Црквата“, истакна тој.

Дигиталниот проект го презентираа надбискупот Едгар Пења Пара, државен потсекретар за општи работи, и отец Лусио Адријан Руиз, секретар на Одделот за комуникации. Светиот Отец ја посети платформата и се запозна со нејзината работа. Им се заблагодари на присутните и повика на нејзино продолжување „во дух на служење, за она што се раѓа со грижа и внимание да стане уште покорисно со текот на времето“.

Корисничка заедница

Целта на дигиталната верзија на „Annuario Pontificio“ е да им обезбеди на широк спектар на корисници лесен и сигурен пристап до официјални информации: вработени во одделенијата на Римската курија, апостолски нунцијатури, бискупски конференции, верски институти, понтификални универзитети, истражувачки центри, академски институции и новинари.

Брзи ажурирања и обемно пребарување

Новата платформа овозможува брзи ажурирања на назначувањата и промените во црковните структури. Додека претходно беше потребно да се чека новото годишно издание, денес промените ќе бидат објавени на платформата што е можно поскоро, веднаш по официјалното објавување. Напредниот систем за пребарување овозможува пронаоѓање податоци по име, епархија, позиција, земја и институционална припадност.

Перспективи за развој

Создавањето на дигиталниот „Annuario Pontificio“ е резултат на соработката на Државниот секретаријат, кој го координира проектот и ги формулира главните барања; Дикастеријата за комуникации, која е одговорна за техничкиот развој на платформата, базите на податоци и нормализацијата на информациите; Централниот завод за статистика на Црквата; и млади професионалци во областа на дизајнот.

Планирано е платформата постепено да се проширува: ќе бидат додадени историски податоци од архиви и претходни изданија, како и нови изданија. Корисниците се повикани да испраќаат коментари и предлози на: annuariopontificio@sds.va.

Пристап и претплата

Дигиталниот именик може да се најде на веб-страницата https://www.annuariopontificio.catholic/ и во мобилните апликации за iOS и Android, кои можат да се преземат од Apple Store и Google Store. За користење се потребни регистрација и претплата: се нудат два тарифни планови, кои гарантираат постојан пристап и дневни ажурирања на податоците.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот