Епископот Стојанов служеше Молебен во Паљурци

Епископот Стојанов служеше Молебен во Паљурци

На празникот Свети Петар и Павле, во недела, 12 јули 2026 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, служеше Молебен во чест на светите врховни апостоли Петар и Павле во црквата „Свети апостол Павле“ во Паљурци, која е во изградба.

Со епископот Стојанов сослужуваа протојереј ставрофор о. д-р Зоран И. Стојанов –  ректор на светилиштето, протојереј ставрофор о. Тома Ангелов –  парох во Богданци, протојереј о. Гоце Костов – парох во Струмица, и о. Ристо Самарџиски – парох во Гевгелија, а ѓаконираше ѓаконот Спасе Спасов.

На Молебенот присуствуваа сестрите Евхаристинки, како и верници од повеќе парохии.

Во своето обраќање до присутните, епископот Стојанов истакна дека Паљурци е место од каде што уште од првите векови на христијанството се навестувало Словото Божјо, а тоа духовно наследство продолжува да живее и денес. Тој ја нагласи важноста на ова свето место, кое сведочи за христијанските корени на овој крај и за вера што се пренесувала низ вековите.

Молебенот заврши со архиерејски благослов, а присутните беа повикани да продолжат да го поддржуваат ова свето дело, доверувајќи го на застапништвото на светите врховни апостоли Петар и Павле.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот