Епископот Стојанов на првиот ден од Божиќ служеше во Нова Маала

Епископот Стојанов на првиот ден од Божиќ служеше во Нова Маала

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов на празникот Рождество Христово, 7 јануари 2025 година, во парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала служеше света архиерејска Литургија, а со него сослужуваше парохот отец Ѓорги Динов.

Во проповедта епископот Стојанов зборувајќи за празникот Рождество Христово додаде дека оваа година божиќната радост е поголема затоа што воедно е и Јубилејна година. Во продолжение тој истакна дека радоста на овој празник е тоа што Бог ни открива дека нè љуби, потврдувајќи ја таа љубов со тоа што стана човек, не губејќи ништо од својата божествена суштина. При тоа поттикна да навлеземе подлабоко во таинството преку кое Бог ни се откри, затоа што тогаш ќе можеме да ја сфатиме таа љубов и да ја конкретизираме во нашите животи со тоа што и ние еден со друг ќе се љубиме. Само така ќе можеме автентично да ја пренесеме таа љубов на другите и само тогаш ќе можеме вистински да го славиме Божиќ. На крајот од проповедта на сите уште еднаш на присутните им го честита празникот Рождество Христово.

По завршување на светата Литургија епископот ја проследи претставата подготвена од веронаучните групи во Нова Маала, а во чест на празникот Рождество Христово.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот