Во Скопската катедрала бискупот Стојанов ја предводеше Светата Литургија со посвета на миро

Во вечерните часови на Велика Среда, 16 април 2025 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов ја предводеше светата Литургија со осветување на миро во катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
За време на светата Литургија бискупот Стојанов го посвети мирото кое се користи при Светите Тајни крштение, миропомазание, како и за свештеничко ракополагање и го благослови елејот за помазание на болните.
Во заедништво со бискупот Стојанов сослужуваа свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопската епархија, кои во оваа евхаристиско славење го обновија свештеничкото ветување дадено на денот на ракополагањето.
к.мк