Епископот Јосиф Чанг Јанфенг, кого папата Лав XIV го именува на 15 јуни, откако неговата кандидатура беше одобрена според условите на Привремениот договор меѓу Светиот Престол и Народна Република Кина, досега извршувал различни служби во епархијата. Од 2021 година бил и нејзин епархиски администратор.
Хиротонијата на Јосиф Чанг Јанфенг за епископ се одржа во среда, 22 јули, во Кина. Папата Лав XIV го именува за епископ на Чифенг, во покраината Внатрешна Монголија, на 15 јуни, откако ја одобри неговата кандидатура според условите на Привремениот договор меѓу Светиот Престол и Народна Република Кина.
Епископот Чанг Јанфенг е роден на 4 април 1984 година во Бејжен, во покраината Љаонинг. Се образувал во Главната семинарија во Шенјанг, а студирал и на Католичкиот универзитет во Деџеон, Јужна Кореја, каде што се стекнал со диплома по библиска теологија.
За свештеник на епархијата Чифенг бил ракоположен на 18 ноември 2010 година.
Од 2010 до 2013 година работел во епархиската курија, а истовремено служел и во неколку парохии. Потоа бил назначен за парохиски свештеник во катедралата во Чифенг, а подоцна и во Линдонг.
Од 15 октомври 2021 година ја извршувал службата епархиски администратор на Чифенг.
Ватикан њуз/к.мк

