Од 9-11 септемвти 2005 година во Католичката академија во Берлин се одржа 29. Меѓународен конгрес во организација на Реновабис – иницијатива на Германската бискупска конференција за солидарност со христијаните од Централна и Источна Европа. Темата на овогодинешната конференција е: Неприкосновено и ранливо – човечкото достоинство помеѓу универзалните предизвици и општествените конфликти во Европа.
На конгресот присуствуваа повеќе од 200 учесници од 26 земји, претставници на Црката, науката, политикат и граѓанското општество. Од Македонија учество зедоа протејереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас, декан на деканатот „Свети Кирили Методиј“ и ректор на светилиштето во Паљурци и протојереј отец Гоце Костов, парох и директор на Радио Марија.
Конференцијата ја отвори надбискупот на Берлин Хајнрих Кох и директорот на Реновабис проферсор д-р Томас Шварц.
На конгресот се зборуваше за сè повеќе поларизираното општество, во кое човечкото достоинство често се инструментализира и се доведува во прашање. За христијаните тоа, сепак, останува неотуѓливо, бидејќи му е дарувано на секој човек како на образ Божји. Целта е да се поттикне подлабоко разбирање на човечкото достоинство и на механизмите за неговата заштита, како и да се размислува за дилемите што произлегуваат во различни општествени и политички контексти.
Се наметнува прашањето: каде денес се наоѓаат најголемите предизвици за заштита на човечкото достоинство и какви општествени и политички тензии се очитуваат во Европа? И, конечно, каква одговорност имаат политиката, Црквата, верските заедници и општеството во целина за негово зачувување и зајакнување?
Во рамки на конгресот во среда вечер, 10 септември, во катедралата Свети Хедвиг, за учесниците на конгресот светата Литургија ја предводеше берлинскот надбискуп Хајнрих Кох во сослужение на апостолскиот нунциј во Германија Никола Етеровиќ и епископи и свештеници од Источна и Средна Европа.
к.мк.