Ватикан одобри потполн опрост по повод IV Светскиот ден на бабите и дедовците и старите лица

Ватикан одобри потполн опрост по повод IV Светскиот ден на бабите и дедовците и старите лица

Апостолската милостилница донесе одлука (декрет) со која, по повод IV Светски ден на бабите и дедовците и старите лица, кој ќе се одбележи на 28 јули, им се доделува потполн опрост на старите лица и верниците кои поттикнати од вистински дух на покајание и љубов ќе учествуваат на различни литургиски служби ширум светот, како и на болните, на оние што им помогаат и на оние кои, бидејќи не можат да ги напуштат своите домови, духовно ќе учествуваат во светите богослужби, одвоени од гревот и со намера што поскоро да ги исполнат вообичаените услови, најави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Апостолската милостилница, за да се зголеми побожноста на верниците и да се грижи за спасението на душите, врз основа на овластувањето што и е дадено, по Божја промисла, од страна на врховниот поглавар папата Фрањо, прифаќајќи ја неодамнешната молба од кардиналот на Светата римска црква, Кевин Џозеф Фарел, префект на Дикастеријата за лаици, семејство и живот, по повод Четвртиот светски ден на бабите и дедовците и старите лица, кој неодамна беше востановен од Папата во четвртата недела од јули и кој оваа година ќе се одржи на тема „Не ме оставај во староста“ (Пс 71, 9), милосрдно поделува потполн опрост (indulgentia plenaria) од небесното богатство на Црквата, според вообичаените услови (света Исповед, Евхаристиско заедништво и молитва по накана на Врховниот Првосвештеник) на бабите и дедовците, старите лица и сите верници кои поттикнати од вистински дух на покајание и љубов ќе учествуваат на 28 јули 2024 година, на Четвртиот светски ден на бабите и дедовците и старите лица, на разни славења кои ќе се одржуваат низ светот. Потполн опрост може да се користи и како молитва за душите во чистилиштето, според одлуката на Апостолската милостилница.

Потполн опрост им се дава и на верниците кои посветуваат соодветно време за да ги посетат своите постари браќа и сестри кои се во потреба или тешкотии (како што се болни, осамени, инвалиди…).

Може да се даде потполн опрост и, под услов да се одвоени од секој грев и да имаат намера да ги исполнат трите вообичаени услови што е можно поскоро, на старите болни и на сите оние кои, неможејќи да ги напуштат своите домови од сериозни причини, духовно се придружуваат на светите славења по повод Светскиот ден, принесувајте му ги на милосрдниот Бог своите молитви, болки или страдања од својот живот, особено за време на разни славења кои ќе се пренесуваат преку медиумите.

За оваа можност на постигнување на Божјата благодат со силата на клучевите на Црквата може полесно да се реализира преку пасторална љубов, Милостилницата искрено ги моли свештениците, на кои им е дадена соодветна власт за исповед, да се стават на располагање за делење на светата Тајна покајание, со подготвен и дарежлив дух.

Одлуката на Апостолската милостилница е од 9 јули 2024 година и е потпишана од кардиналот Анџело де Донатис, главниот милостинар и монс. Кшиштоф Јозеф Никил, регент.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот