Бискупот Стојанов ја прими с. Тереза Стојкова, евхаристинка

Бискупот Стојанов ја прими с. Тереза Стојкова, евхаристинка

Бискупот Стојанов во среда 26 јуни 2024 година во епископската резиденција на Водно во Скопје ја прими Генералната викарија на Сестрите Евхаристинки с. Тереза Стојкова.

Во исклучително пријатна атмосфера разговараа за активностите на Сестрите Евхаристинки и нивното духовно дејствување меѓу Божјиот народ во Црквата како и за состојбите што се однесуваат општеството и Црквата во Македонија.

Сестра Тереза го извести Неговото Преосвештенство за неодамна одржаниот Генерален капитол што се одржа во Софија и за изборот на Новото Провинцијално раководство кое својата должност ќе ја започне од 01 јули 2024.

Бискуп Стојанов изрази благодарност за неизмерниот труд што го вложуваат сестрите Евхаристинки и за духовното добро што го пружат меѓу Божјиот народ и упати свој архиерејски благослов.
к.мк

 

Категорија: Македонија

За авторот