Бискупот Стојанов му изрази добредојде на новиот Апостолски нунциј во Македонија монс. Лучано Суријани
Бискупот Стојанов, на 26 јули 2022 година, во попладневните часови му изрази добредојде на новиот Апостолски нунциј монс. Лучано Суријани. Во срдечна братска атмосфера се присетија на досегашните средби сѐ уште како Апостолски нунциј во Република Србија, разменија мислење за состојбата на Католичката црква во Македонија од двата обреди и за многу други интересни теми од различен аспект, а сѐ за доброто на Црквата.
Светиот Отец папата Фрањо на 21 мај монс. Суријани го именува за Апостолски нунциј во Македонија, а при оваа пригода Неговата Екселинција ги предаде акредитивните писма кај Претседателот на Државата господин Стево Пендаровски, додека претходно на средбата со Министерот господин Бујар Османи ги предаде копииите од акредитивните писма.
Му посакуваме Божји благослов и успех во неговата дипломатска дејност.
Ватикан њуз/к.мк