По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо се приклучи на болката на народот на Шри Ланка, кој е во ситуација на голема политичка и економска нестабилност, како и на народот на Либија, особено на младите, кои страдаат од социјални и економските проблеми во земјата. „Господ да го покаже патот за крај на оваа луда војна!“, нагласи Светиот Отец, повторно повикувајќи за мир во Украина.
„Ја споделувам болката на народот на Шри Ланка, кој продолжува да ги трпи последиците од политичката и економската нестабилност. Заедно со епископите на земјата го повторувам мојот апел за мир и барам од властите да не го игнорираат плачот на сиромашните и потребите на луѓето“, се зборовите на Светиот Отец по молитвата Ангел Господов на 10 јули 2022 година.
Осврнувајќи се потоа на тешката ситуација во Либија, Папата упати „посебна мисла“ до жителите на таа северноафриканска земја, особено до младите и до сите оние кои страдаат поради сериозните социјални и економски проблеми во земјата.
„Ги повикувам сите уште еднаш, со помош на меѓународната заедница, да бараме убедливи решенија преку конструктивен дијалог и национално помирување“, рече папата Фрањо.
А во мислите на Папата повторно беше украинскиот народ, секојдневно измачуван од „бруталните напади што ги трпат обичните луѓе“,рече Светиот Отец.
Обновувајќи ја својата близина со оваа источноевропската земја која од февруари живее во воена состојба, Папата се помоли за сите семејства, а посебно за жртвите, ранетите, болните, како и за старите и децата.
Господ нека го покаже патот за да заврши оваа луда војна!“, истакна на крајот Папата.
Ватикан њуз/к.мк