Ангел Господов: Бог носи вистинско исполнување, а не потрошувачката култура

Ангел Господов: Бог носи вистинско исполнување, а не потрошувачката култура

Во своето обраќање по молитвата „Ангел Господов“ во Кастел Гандолфо, папата Лав XIV се осврна на Божјото Царство како богатство што го преобразува животот и ги повика христијаните да препознаат што навистина е важно.

Папата Лав XIV за време на своето неделно обраќање по молитвата „Ангел Господов“, на 26 јули 2026 година, во Кастел Гандолфо, каде што се наоѓа на летен одмор. размислуваше за таинството на Божјото Царство како богатство што го преобразува човечкиот живот

Осврнувајќи се на евангелските параболи за скриеното богатство и драгоцениот бисер (Матеј 13,44-52), Папата рече дека Божјото Царство носи многу голема радост што оставањето на сè друго повеќе не се доживува како загуба, туку како добивка.

„Средбата со Неговото Царство означува пресвртница што не го ограничува животот, туку го проширува“, рече папата Лав XIV. „Ако нешто треба да се промени од наша страна, тоа е за нашиот живот да се отвори за поголеми можности, а не за помали.“

Папата истакна дека Исус ја открива убавината на Царството преку слики земени од секојдневниот живот на обичните луѓе: земјоделци, трговци, рибари, книжници, жени што подготвуваат леб, градители, управители, пастири и работници на нивите.

Преку овие примери, Исус покажува дека Царството може да се сретне во многу различни околности и дека ги повикува сите, мажи и жени, млади и стари, сиромашни и богати, на длабока обнова.

Црква обединета во Христос

Папата Лав XIV рече дека и денес Црквата ја одразува истата разновидност, собирајќи луѓе од различно потекло, култури и одговорности, кои сите се повикани да го препознаат своето единство во Исус Христос.

„Тој е скриеното богатство, драгоцениот бисер, мрежата што ги собира расеаните“, рече Папата.

Од самиот почеток, Исус околу Себе собирал луѓе што инаку можеби никогаш не би се сретнале. Така покажал дека Бог не гледа пристрасно и дека Неговата љубов е особено насочена кон малите, слабите и занемарените.

Да се препознае она што навистина е важно

Папата Лав ги покани верниците да го побараат дарот што го барал младиот цар Соломон: мудроста да препознаат што е навистина вредно.

Тој предупреди дека потрошувачката култура може да создава секогаш нови желби и да нуди решенија кои не успеваат да донесат трајно исполнување и можат да му наштетат на човечкото срце.

Христијаните, рече тој, мора да научат да го препознаваат вистинското богатство: односот со Бога што ги отвора луѓето кон радоста и им помага да изградат подобри односи едни со други.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот