Tag "Папа Фрањо"
Папата: Во денешната глобална криза, мораме да се залагаме сите луѓе да живеат достоинствено
Во аудиенција со управата на Универзитетот Лојола во Чикаго, на 20 мај 2024 година, папата Фрањо истакна дека има потреба од мажи и жени кои се подготвени да работат „светот да најде мир“ во време на брзи промени и сè покомплексни предизвици. Тој смета дека улогата на академските институции е клучна, бидејќи нивната задача не е само „да формираат големи умови, туку и да негуваат дарежливи срца и совест внимателна кон достоинството на секој човек“.
Папата Фрањо во септември ќе патува во Белгија и Луксембург
Канцеларијата за печат на Светиот Престол потврди уште едно патување на папата Фрањо веднаш по летото и по патувањето во Азија и Океанија. Имено, Светиот Отец на 26 септември 2024 година ќе патува во Луксембург, а од 26 до 29 септември во Белгија. По тој повод ќе ги посети Брисел, Лувен и Лувен-ла-Нов.
Царице небесна: Да го слушаме Светиот Дух со читање на Словото Божјо, со обожување и молитва
Папата Фрањо за време на неговото неделно обраќање на празникот Педесетница, недела 19 мај 2024 година, ги поттикна верниците да се запрашаат колку добро го слушаат Светиот Дух. За да биде слушањето што е можно поефикасно, тој препорача секојдневно читање на Евангелието, обожавање и молитва
Папата: Духот нека даде гестови на дијалог и нека ја отвори вратата на мирот
По молитвата Царице небесна, папата Фрањо се осврна на воените сценарија во светот и конкретно ги спомена Украина, Светата Земја и Палестина. Од Светиот Дух моли да внесе хармонија во семејствата, во општеството и меѓу христијаните. Ја спомена и посетата на Верона.
Папата: Со Светиот Дух да негуваме надеж за мир, братство и правда
Папата Фрањо во својата проповед на празникот Педесетница, која ја служеше во недела 19 мај 2024 година, во ватиканската базилика Свети Петар, ги поттикна верниците силно да го проповедаат Евангелието, но без наметнување и нежно за да бидат сите прифатени. Христијанинот – рече – не е препотентен, неговата сила е силата на Духот
Папата до затворениците во Верона: Споделете ја болката со Бога и со другите
Папата Фрањо на 18 мај 2024 година го посети затворот Монторио во Верона, повикувајќи ги затворениците „да разговараат со Бог за својата болка и едни на други да си помагаат за да можат да ја поднесат“.
Патријархот Вартоломеј и папата Фрањо заедно ќе ја посетат Никеја во 2025 година?!
Никеја, каде што се одржа првиот вселенски собор – каде го добиваме Никејскиот Символ на верата – сега е Изник, Турција.
Папата: Младите можат да ги направат побратски односите меѓу католиците и православните
На 16 мај 2024 година, папата Фрањо се сретна со делегацијата на „Apostolikì Diakonia“ на Грчката православна црква и им одаде признание за иницијативите кои дваесет години се спроведуваат заедно со Католичкиот комитет за културна соработка на Дикастеријата за унапредување на христијанското единство.
Папата: Ние го градиме мирот, а не само моќниците со нивните преговори
Папата Фрањо го напиша предговорот на книгата „Правдата и мирот ќе се прегрнат“, која беше објавена од ватиканската издавачка куќа и веронскиот дневен весник L’Arena пред посетата на Папата на Верона на 18 мај. Светиот Отец ја осудува себичноста, која „кога ќе стане личен и општествен систем, ги отвора вратите за конфликти“ и потсетува на приказната за војникот Даласега кој одбил да убие, бидејќи бил верник, и свештеникот од Верона, дон Доменико Мерканте, заложник на нацистите. И двајцата се убиени.
Папата ја благослови камбаната „Гласот на неродените“
Камбаната „Гласот на неродените“ ќе биде испратена во Казахстан.