Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата замина од Јапонија

Папата Фрањо во вторник, 26 ноември 2019 година го заврши своето 32. Меѓународно апостолско патување при што ги посети Јапонија и Тајланд

Ватикан Вести

Папата во Јапонија: Надминете го натпреварувањето заради профит; прифатете го секој живот

За време на светата Литургија служена во Јапонија на стадионот Токио Доме, папата Фрањо поттикна на размислување за нашите секојдневни одлуки за да не бидеме заробени или изолирани во барањето за успех по секоја цена. Исто така ја истакна светоста на животот кој треба да се прифати со неговите слабости и несовршености.

Ватикан Вести

Папата до јапонските власти: Дијалогот е единственото оружје достојно за човекот

На средбата со претставниците на јапонските власти и дипломатскиот кор папата Фрањо предупреди на мирот кој се гради со праведност и солидарност, на улогата на религијата и на заштитата на најслабите

Ватикан Вести

Папата Фрањо пред споменикот на јапонските маченици молеше за прогонетите христијани

Папата Фрањо се молеше пред споменикот на мачениците од Нагасаки и ги спомна христијаните кои денес во многу делови од светот се прогонувани заради верата.

Ватикан Вести

Папата Фрањо до јапонските епископи: Заштитете го животот и евангелизирајте

Во првиот дел од своето патување во Јапонија, папата Фрањо се сретна со епископите на таа земја и бара од нив да промовираат интегрален развој на луѓето, и да се борат против очајот кај младите отварајќи ја „културата на успехот“, културата на бесплатната љубов која на сите, а не само на „остварените“ им дава можност за среќен живот.

Ватикан Вести

Папата во Нагасаки апелираше за свет без нуклеарно оружје

Папата Фрањо од Токио во Нагасаки пристигна околу 9.30 часот. Пред споменикот на мирот во сеќавање на жртвите на атомските бомби го пречека мноштво луѓе. Папата се обрати со силни предупредувања, истакнувајќи дека мирот не се гради на стравот.

Ватикан Вести

Света Литургија во Нагасаки: Сочувството е вистинскиот начин за градење историја

Во Нагасаки, папата Фрањо ја славеше првата Света Литургиаја по неговото пристигнување во Јапонија. Од раните од минатото и од искуството на болка доживеано на тоа место, неговиот повик до сите се крена да не попуштат на рамнодушноста, туку да го кренат својот глас во заштита на сите што страдаат, сите невини жртви на денешните војни и оние од минатото.

Ватикан Вести

Папата Фрањо од Тајланд пристигна во Јапонија

Папата Фрањо пристигна во Јапонија и со тоа го започна вториот дел од неговото 32. Апостолско патување. Првата официјална средба ја имаше со членовите на Јапонската бискупска конференција во Апостолската нунцијатура.

Ватикан Вести

Папата Фрањо во Тајланд: Потребни се средби и дијалог

На вториот ден од престојот на папата Фрањо во Тајланд, 21 ноември 2019 беше исполнет со богата програма. Уште утрото се сретна во архитектонски интересната палата во седиштето на владата со претставниците на цивилните власти, а потоа во седиштето на будистичката заедница со врховниот будистички поглавар. Следуваше посета на болница. Потоа следуваше приватна средба со кралот и на крајот света Литургија во националниот стадион во Бангкок, кој може да собере 65 000 луѓе.